Мени

Надминат проблемот со слаб притисок на вода

23.04.2014 12:41 | KumanovoNews

Жителите во централното градско подрачје денеска напладне забележале слаб  притисок на вода, но попладнево снабдувањето со вода е нормализирано.

Надминат проблемот со слаб притисок на вода

На удар не беа високите зони, туку центарот на градот во период од 11 до 13.30 часот и сега проблемот е решен, водоснабдувањето е стабилизирано. Имаше намален дотур на вода од Водостопанство “Кумановско - Липковско поле“ и тоа најверојатно заради технички проблем - вели Горан Стојковски, директор на ЈП“Водовод“.

Од Водостопанство “Кумановско - Липковско поле“ тврдат дека во ниту еден момент дотурот на вода не бил намален од нивна страна до Филтер станицата и според нив во предизборието од “Водовод“ сакаат да креираат криза за вода.

Се работи за манипулација, дезинформација. Наши комисии излегоа на терен, направени се записници и е потврдено дека немало намалување на дотурот на вода - рече Филип Филиповски, директор на Водостопанство.

Тој вели дека водостојот во акумулациите се зголемува поради дождовите и кај граѓаните не треба да постои загриженост за водоснабдувањето на градот.