Мени

Наградени најдобрите маски на Првоаприлскиот маскенбал

03.04.2014 10:08 | KumanovoNews

На маскенбалот што се одржа по повод Денот на шегата во Центарот за култура, прва награда доби Ване Ѓорѓевиќ со маската “Балон“, втора беше Марта Мишевска со маската “Грозје“, а трет Даниел Василевски со маската “Неиспилено пиле“.

Наградени најдобрите маски на Првоаприлскиот маскенбал

За сценски впечаток е награден Матеј Павловски со маската “Зајаче“. Награда за најмлад учесник доби 15 месечниот Лука Јосимовски со маската “Кавалер“. За најдобра групна маска наградени се Филип Стаменковски и Владимир Георгиевски со маската “Заведливи баби“, а пофалени се 7 други маски.

Најголем број беа децата беа на возраст од 3 до 10 години. Маските беа подеднакво квалитетни и жирито имаше тешка задача да ги одреди најдобрите. На нашиот маскенбал повеќе се цени изработената маска, се гледа колку е вложено труд, отколку купената, - вели Јовица Цветковски, организатор на маскенбалот.

На маскенбалот учество зедоа 60 - тина учесници.