Мени

Награди за најуспешните просветни работници и ученици

23.05.2013 15:06 | KumanovoNews

 По повод празникот на просветителите „Св. Кирил и Методи„, во МКД “Козјак“ вечерва ќе се оддржи свеченост на која ќе бидат наградени најдобрите просветни работници, ученици на генерацијата, како и најдобрите ликовни и литературни творби.

Награди за најуспешните просветни работници и ученици

На манифестацијата ќе се обрати претседателката на Здружението на просветни работници, Лидија Николовска Георгиевска, а потоа пред присутните ќе говори и градоначалникот Зоран Дамјановски.

Награди ќе добијат наставниците на годината од предшколско образование, предметна, одделенска настава и од средното образование. Учениците на генерација од основните и средни училиштата на македонски и албански наставен јазик ќе бидат наградени.

Повеќе училишта од градот ќе се претстават со пригодна културно - уметничка програма.

                                                             (фото архива)