Најмалку дозволи за градба во североисточниот регион
14.08.2014 12:18
| KumanovoNews
Само 6 дозволи за градба се издадени во јуни годинава во североисточниот регион што е помалку во однос на сите други региони, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Сите 6 одобренија се издадени во Куманово и тоа 5 на физички лица и 1 на деловен субјект. Во општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане во јуни не е издадено ниту едно одобрение за градба.