Најмногу се градат трособни станови
08.07.2014 13:43
| KumanovoNews
Во североисточниот регион лани се изградени 363 станови, од кои најголем дел се трособни.
Според податоците на Државниот завод за статистика од вкупниот број на станови 31 се еднособни, 55 се двособни, 143 се трособни, 60 се со четири соби, 16 имаат пет соби, 26 се со шест соби. Меѓу новоизградените станови има 18 со седум соби и 14 со осум и повеќе соби.
Помал број на изградени станови има само во вардарски регион 200 и 313 во пелагонски, додека скопскиот регион предничи со 3070 изградени станови.