Мени

Најверниот купувач во Алфи од Крива Паланка

11.02.2013 16:22 | KumanovoNews

Славче Стојанов од Крива Паланка е добитник на ЛЦД телевизорот, кој Техноцентар Алфи го додели на најверниот купувач за јануари.

Најверниот купувач во Алфи од Крива Паланка

Стојанов минатиот месец потрошил 130.000 денари, купувајќи повеќе производи во Техноцентар.

Градев нова викендица, а во Крива Паланка немаме продавница со производи кои ги нуди Алфи. Првин незнаев кои се поволностите на Техноцентарот, но подоцна откако почнав да пазарам и стигнав до половина од сметката, ми ја понудија опцијата да се натпреварувам, бидејќи имам шанса да станам најдобриот купувач за месец јануари.Искрено не верував, бидејќи бев сигурен дека конкуренцијата е голема. Моето мислење беше точно бидејќи за многу мал износ се разликував од второрангираниот, но сепак наградата дојде во мои раце. Честа е голема да станеш прв од најверните купувачи и мислам дека уште поголема е мотивацијата за останати купувачи да пазарат во еден ваков Техноцентар кој ги цени и наградува потрошувачите - изјави Стојанов.

Денеска од Алфи му ја врачија наградата на Стојанов и порачаа до граѓаните дека и оваа година наградувањето продолжува со уште многу нови и интересни производи.