Мени

Намалено семејното насилство во Куманово

14.08.2014 10:44 | KumanovoNews

Семејно насилство најчесто вршат сопрузите и синовите, но овој тренд во Куманово е во опаѓање.

Намалено семејното насилство во Куманово

Во првото полугодие од 2014 година СВР Куманово регистрирало 46 кривични дела семејно насилство што претставува намалување во однос на лани.

Се намалил бројот на кривични дела, поплаки, прекршоци и се смета дека сериозните казни довеле до подобрување на состојбата.  Жртвите на семејно насилство генерално се здобиле со телесни повреди или им е загрозена безбедноста. Семејното насилство во половина од случаите го извршиле сопрузите, а во 19 отсто од случаите како насилници се јавуваат синовите, покажува полициската статистика.

Стапката на семејно насилство е највисока на подрачје на СВР Битола и СВР Штип, а најниска во СВР Тетово и СВР Скопје. Освен во СВР Куманово, намалување на стапката на семејно насилство има и во СВР Охрид.