Мени

Нашиот сточен пазар поскап од струмичкиот, поефтин од струшкиот

13.09.2013 15:39 | KumanovoNews

Според податоците објавени во соопштението на Државниот завод за статистика, на сточниот пазар во Куманово во август годинава добитокот се продавал по пониски цени за разлика од Струга, а по повисоки во однос на струмичкиот сточен пазар.

Нашиот сточен пазар поскап од струмичкиот, поефтин од струшкиот

Килограм жива мера за мали телиња кај нас се продавал за 172,5 денари, во Струга истото чинело 186 денари, а во Струмица 154 денари.

За кравите цена по килограм жива мера во Куманово била 92,5 денари, во Струга 118 денари, а во Струмица 60 денари по килограм.

Овците по килограм жива мера во Куманово се продавале по 98,7 денари, во Струга по 116 денари, а во Струмица по 50 денари.

Свињите до 80 кг во Куманово се продавале по 130 денари по килограм, во Струга по 118 денари и во Струмица по 116 денари.

Кози во Куманово се продавале по 80 денари по килограм жива мера, во Струга по 115 денари за килограм, а во Струмица за 41 денар по килограм.

Јарињата во Куманово чинеле 132,5 денари по килограм, во Струга се продавале за 158 денари по килограм, а во Струмица за 104 денари.

Во однос на кумановскиот, сточниот пазар во Кривогаштани бележи во август повисоки цени, додека пазарот во Облешево бил поефтин од  кумановскиот. Во Скопје за дел од добитокот цените биле пониски, но има и цени кои биле повисоки.