Мени

Натепал обезбедувач на казино

30.12.2010 11:14 | KumanovoNews

 Кумановската полиција поднесе кривична пријав против Љ.Н. (24) од Куманово, за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.

Натепал обезбедувач на казино

 Во декември годинава, пријавениот влегол во казино „Алекс“ во Куманово и откако еден од обезбедувањето  го замолил да го напушти местото, бидејќи има забрана од Управата, пријавениот со чаша го удрил а потоа и физички го нападнал, со што го спречил во вршењето на службената должност.