Мени

Натпревар на родители и наставници во одбојка

18.12.2013 16:15 | KumanovoNews

Во ОУ “Христијан Карпош“ во среда ќе се оддржи еко турнир во одбојка на кој ќе се натпреваруваат наставници против родители во машка и женска конкуренција.

Натпревар на родители и наставници во одбојка

Ќе играат мајки против наставнички и татковци против наставници. Сакаме да потенцираме дека спортот е здрав како што се вели “Во здраво тело, здрав дух“. Оние кои ќе дојдат можат да донираат колку сакаат - вели Лидија Костиќ, директорка на училиштето.

Со парите собрани од турнирот училиштето ќе набави еко светилки и чешми за заштеда на вода.

                                                   (фото архива)