Мени

Наврнаа 6 литри дожд на метар квадратен

14.05.2014 08:03 | KumanovoNews

Во кумановско во текот на ноќта наврнаа 6 литри дожд на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.

Наврнаа 6 литри дожд на метар квадратен

Во другите градови имаше обилни врнежи со тоа што во Лазарополе паднаа 28 литри, во Маврово 35, Дебар 20, Виница 14, Прилеп и Крива Паланка 13, Штип 7 литри на метар квадратен.

Обилни врнежи не очекуваат денеска и во текот на наредните денови. Времето ќе биде посвежо со пониски дневни температури. Поголеми количини на дожд ќе наврнат во Источна Македонија - рече Душанка Танушевска, дежурен синоптичар во УХМР.

Од Регионалниот центар за управување со кризи велат дека засега водостојот на реките е стабилен и нема опасност од излевање.