Наврнаа 7 литри дожд на метар квадратен
11.11.2013 08:40
| KumanovoNews
Во Куманово и околината ноќеска наврнаа 6,8 литри дожд на метар квадратен.
Утре и во среда се очекува да продолжат врнежите, а дневните температури ќе се движат до 17 степени.
Долгоочекуваните врнежи се добредојдени за замјоделството. Агрономите објаснуваат дека оваа есен беше сушна, со високи температури и затоа неопходни се нови количини на дожд.
За она што веќе е засеано овие 7 литри дожд се солидни. Меѓутоа за површините кои не се засеани потребни се најмалку уште 20 литри дожд на метар квадратен. Пченицата е култура која најмногу бара влага, а знаеме дека оваа есен беше сушна, со натпросечни температури за овој период од годината - вели Горан Василевски, агроном.