Наврнаа 9 литри дожд во кумановско
13.02.2014 09:07
| KumanovoNews
Во кумановско вчера наврнаа 9 литри дожд на метар квадратен, соопштуваат од Управа за хидрометеоролошки работи.
Куманово е некаде на средината според количината на врнежи во однос на другите градови. Во Штип паднаа 15 литри на метар квадратен, во Дојран 14, Крива Паланка 13, Струмица и Кавадарци имаат по 10 литри, Виница, Демир Капија и Крушево се со 9 литри, а Скопје и Тетово со по 5 литри. Другите градови имаат значително послаби врнежи - велат од УХМР.
Времето денеска и утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Денеска дневните температури ќе се бидат до 13, а утре до 12 Целзиусови степени.