Мени

Наврнаа девет литри дожд на квадрат

15.03.2013 09:51 | KumanovoNews

 Во текот  на вчерашниот ден во Куманово и околината наврнаа 9 литри дожд на метар квадратен, а излевања на реките  нема.

Наврнаа девет литри дожд на квадрат

 Засега се е во ред. Она невреме за кое се зборуваше нас не одмина. Температурата денеска ќе се движи до 6 Целзиусови степени. Ние постојано добиваме известувања од УХМР и засега нема реална опасност да дојде до поплави. Минатиот пат Куманово претрпе многу поголеми штети од Кратово и Крива Паланка. Имаше излевање кај Куклица, меѓутоа не од такви размери како во Куманово, немаше оштетени куќи, посеви - велат од ЦУК.

Доколку постои опасност за излевање на речните корита, од ЦУК објаснуваат дека веднаш ќе ја известат јавноста преку медиумите.