Мени

Наврнаа уште 8 литри дожд- нема опасност од поплави

13.09.2013 08:34 | KumanovoNews

 Во изминативе 24 часа во Куманово и околината наврнаа 8 литри дожд на метар квадратен.

Наврнаа уште 8 литри дожд- нема опасност од поплави

Утрово повторно има слаби врнежи од дожд, а временската прогноза за утре предвидува врнежливо време со дневна темпертаура до 25 Целзиусови степени. Денеска температурата во Куманово ќе се движи до 21 Целзиусов степен.

До Регионалниот центар за управување со кризи не е пријавено никакво излевање на вода од речните корита. Од РЦУК велат дека изминативе 2 дена паднаа вкупно 34 литри дожд на метар квадартен што претставува мала количина и не постои ризик од поплави.