Не работи бројот 193 на Пожарна
19.08.2013 13:37
| KumanovoNews
Телефонскиот број 193 на Територијалната противпожарна единица во Куманово веќе три дена не работи.
Од таму велат дека од сабота па наваму не им работи телефонскиот број 193 и ги упатуваат граѓаните пожари да пријавуваат на 192 во полиција.
Имаме дефект на телефонската линија од сабота околу 16 часот. Кога вртат граѓаните кај нас воопшто не ѕвони телефонот, па тие мислат дека не сакаме да се јавиме. Граѓаните нека се јават на 192 во полиција и тие ќе ни дојават доколку има пожар. Реагиравме до операторот и ни ветија дека брзо ќе го отстранат проблемот - вели Дејан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово.
Тој објаснува дека само синоќа имале пет интервенции на стрништа и сува трева во Табановце, Речица, Режановце.