Недела на активно граѓанство
Здружението на граѓани „Центар за меѓукултурен дијалог“ oд Куманово работи на имплементација на проектот „Активно граѓанство за меѓуетничка соработка“ со подршка од УНДП во рамки на програмата на ОН “ Пoдобрување на меѓуетничкиот дијалог и комуникација помеѓу заедниците” .
Проектот има за цел да создаде основа за одржлив меѓуетнички дијалог со негување на меѓусекторскo вмрежување меѓу јавните субјекти и граѓанското општество.
Во рамиките на неделата на Активно граѓанство, работните групи ќе реализираат локални акции за промовирање на меѓуетничката соработка и комуникација во Куманово.
21.02.2011 Eднодвневна обука “ Како до работа” во кружна сала во поранешен комитет со почеток во 12:00-16:00 часот наменета за 30 млади претставници од различни етнички заедници
22.02.2011 Презентација на Европски волонтерски сервис – можности за сите млади да волонтираат во Eвропа- време 12-14 часот во просториите на младинскиот центар “Мulti Култи” .
23.02.2011
• Конференција на тема “ Мултикултурен тријаголник (Општина- Училишта-НВО)” во кружна сала поранешен Kомитет со почеток во 11:15-13 часот.
• Поетско читање “Со добра мислa” во музичко училиште „Панче Пешев„ со почеток во 19 часот
24.02.2011 Презентација на работни волонтерски кампови во рамки на волонтерската мрежа SCI во 12-14 часот во просториите на младинскиот центар Мулти-Култи
25.02.2011 Посета на религиски објекти од тргнување од 11-13 часот. Тргнување ќе биде во 11:00 часот пред Центар за култура во Куманово.