Недела на грижа на стари лица
23.11.2011 11:29
| KumanovoNews
Црвениот крст Куманово Неделата на грижа на стари лица (21 - 27 ноември) ќе ја одбележи со низа активности кои ќе ги реализира во соработка со ЕВН.
Целта за одбележување на Неделата на грижа на стари лица, чие мото годинава е „СЕКОЕ СТАРО ЛИЦЕ ИМА ПРАВО“, е да се подигне свеста на населението за правата на старите лица, како и за потребата од грижа и помош на старите лица.
Утре од 11 до 14 часот, на Граскиот плоштад ќе бидат поделени флаери со етички кодекс за помош и правата на старите лица.
Во рамки на одбележување на Неделата на грижа на стари лица ќе биде организирана и акција за бесплатно мерење на шеќер во крвта во Клубот на пензионери во Куманово утре во 10 часот и посета на Домот на старите лица „Зафир Сајто„.