Неколку граѓани каснати од крлежи
5-6 граѓани побарале медицинска помош на инфективното одделение во Општа болница Куманово, поради каснување од крлеж.
Додека е времето топло - ладно и со дождови во природата има крлежи. Кога се шетаат по трева граѓаните не треба да носат куси панталони, туку обавезно долги чорапи за да се заштитат. На крај на денот да се проверуваат да не имаат крлежи на телото. Крлежите може да предизвикаат лајмска болест. Треба да се внимава во контакт со миленичиња - вели Азиз Бајрами, началник на инфективно одделение.
Тој советува граѓаните сами да не ги вадат крлежите сами за да не дојде до нивно откинување, туку веднаш да кај лекар. Оние кои веќе отстраниле крлеж од својата кожа, еден месец да внимаваат да не им се појави црвенило, а ако ги имаат тие симптоми повторно треба да побараат медицинска помош.
За оваа сезона немало пациенти каснати од змија, а инфективното одделение располага со доволни количини на серум.