Мени

Нема бактерии во минералната вода во Проевце

29.11.2013 09:36 | KumanovoNews

Најновите анализи покажале дека нема бактерии во водата на чешмите со минерална вода во Проевце.

Нема бактерии во минералната вода во Проевце

Примероците се земени на 22 месецов од првата чешма откако имаше откриено бактерии.

Нема бактерии, но тоа е моментална состојба. Ние не можеме секој ден да ја контролираме водата, посебно ако се работи за чешма. Останува на свеста на граѓаните дали ќе ја пијат или не водата. - вели Мимоза Величковски, раководител на одделение за комунална хигиена во Центар за јавно здравје.

Во водата на правата чешма беше откриено присуство на бактерија ешерихијаколи која е опасна за луѓето со ослабен имунитет и децата. Водата на останатите чешми беше исправна за пиење.

Од Центарот за јавно здравје еднаш месечно земаат примероци за анализа на водата од овие чешми.