Нема добиток болен од “син јазик“ во кумановско
Во кумановско нема заболен добиток од болеста “син јазик“ и сточниот пазар нормално функционира, потврдуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство од Скопје.
Одтаму потврдуваат дека нивни инспектори се на терен и редовно вршат контроли.
“Имавме сомнежи, но тоа не се потврди. Во Куманово немаме жариште бидејќи нема заболен добиток. Сточниот пазар во Куманово е еден од трите кој работи, не е затворен. Болеста најчесто ги напаѓа овците, козите и кравите. Ја пренесуваат мушички, но таа не се пренесува од животно на животно или од животно на човек и нема забрана за употреба на месо, млеко од овие животни“ - објаснува Абдулезел Догани, заменик директор на Агенција за храна и ветеринарство.
Болеста “син јазик“ се прошири кај добитокот низ земјава при што се регистрирани над 100 жаришта. Превентивни мерки и хигиена во фармите спречува појава на “син јазик“. Заболени животни од оваа болест во земјава имаше пред шест години.