Нема одложување на стартот на учебната година
29.08.2011 11:41
| KumanovoNews
Министерството за образование и наука нема да го одложи стартот на учебната година поради високите температури, но не ја ни исклучува ваквата можност.
Очекуваме до крајот на неделата според најавите да има пад на температурата, секојдневно сме во комуникација со надлежните институции и доколку процениме дека е потребно секако дека не ја исклучуваме и таа можност. Но, засега, да бидам дециден нема такви планови, изјави министерот Панче Кралев.
Поставувањето клима-уреди во училиштата, според министерот за образование и наука, е еден од аспектите што сигурно треба да се земе предвид во следните години како дел од потребната инфраструктура.