Нема опасност од поплави
Во Куманово вчера наврнале 1,6 литри дожд на метар квадратен, што не претставува опасност од поплави и излевање на реките од коритата.
Рано утринава во 5.30 часот почна пак да врне. За да дојде до излевање на реките треба да паднат околу 50 литри вода на метар квадратен. Сите речни користа се исчистени, а во Управата за хидрометеролошки работи има луѓе кои ја следат состојбата и добиваат информации постојано. Засега се е под контрола. Евентуално реката Пчиња кај Старо Нагоричане може да има промена на водостојот, бидејќи кај Прохор Пчински има брана и кога има врнежи тие ја испуштаат, но мали се шансите да се случи такво нешто - вели Горан Стојановски од Центарот за управување со кризи.
Тој објаснува дека малите количини вода почвата може да ги апсорбира и опасност од поплави нема.