Нема паралелка на српски јазик во Гимназијата
11.09.2013 10:16
| KumanovoNews
Во Гимназија “Гоце Делчев“ и годинава не се оформи паралелка на српски јазик поради слаб интерес интерес на учениците.
Се пријави само едно дете и потоа го вклучивме во македонска паралелка. Има многу мал интерес иако во прва година 40 деца се изјасниле дека се од српска националност. Најверојатно им е полесно да слушаат настава на македонски јазик, бидејќи потоа на македонски јазик ќе студираат. Лани имаше поголем интерес, се пријавија 6 деца, но тоа не е доволно за да се оформи паралелка на српски јазик - изјави Љубиша Николиќ, директор на “Гоце Делчев“.
Тој објаснува дека паралелка се формира со минимум 24 ученици, а за паралелка со помал број ученици потребна е согласност од општината и од Министерството за образование и наука.