Нема пари, нема новогодишна еуфорија
Граѓаните и дуќанџиите сеуште не почнале да ги украсуваат домовите и излозите. Продавачите велат дека последниве години поради финансиската криза, граѓаните помалку трошат и затоа нема некоја празнична еуфорија.
- Сите велат: “Сакам да купам, но немам пари“. Секоја наредна година има се побогат и поразновиден избор, но обично купуваат некои ситници, украси, лампиони. Кога ќе купат вештачка елка, можат да ја користат десет години и повеќе, ако внимателно ја чуваат нема да се оштети. Цените се исти како лани, не се покачени. Големите елки ги купуваат за во дуќани, тие се за комерцијална употреба и се разликуваат по тоа што имаат еднобојни или лампиони во само две бои. Елката за во домашни услови е пошарена, за да биде поинтересна за децата - велат нашите соговорници.
Тие признаваат дека е рано за одбројување до новата 2013 година, но акцентот го ставаат на нискиот стандард кој ги принудува граѓаните да го купуваат само најнеопходното.
За разлика од Куманово, Скопје веќе на големо се украсуви и се чувствува празничното расположение.