Мени

Нема пари за чуварите на фолклорот

16.01.2013 13:28 | KumanovoNews

 Културно уметничкото друштво “Панче Пешев“, поради недостиг на финансиски сретства има проблеми во секојдневното функционирање.

Нема пари за чуварите на фолклорот

Директорот Мирослав Крстевски, вели дека не можат да обезбедат основни услови за работа, а се потешко ги подмируваат и сметките за електрична енергија.

Работиме во тешки услови затоа што сме оставени сами на себе. За негување, изучување и презентирање на фолклорот треба средства. Ние не се откажуваме, ќе продолжиме да работиме без разлика дали некој не цени или не. Лани настапивме на три меѓународни и повеќе регионални смотри, многу јубилеи и манифестации низ Македонија. Децата сакаат да играат, да свират, да се дружат, да патуваат. Кога го презентираат својот фолколор тие  запознаваат туѓ фолклор и традиција, култура што е многу интересно за младата популација - вели Крстевски.

КУД “Панче Пешев“ е едно од најстарите друштва во земјава и пошироко на Балканот. Во 2016 година ќе слави 90 години постоење и успешна работа. Друштвото сега, во првиот состав има 60 членови, а има и две групи со помлади членови кои се распределени зависно од возраста. По завршување на распустот децата ќе се екипираат и продолжуваат со проби.