Нема подолги чекања на Табановце
25.06.2013 10:53
| KumanovoNews
Од Авто мото сојузот на Македонија велат дека деновиве нема подолги чекања за влез и излез од државата на граничниот премин Табановце.
Сезоната е веќе почната, но возилата вообичаено на граница чекаат од 15 минути до половина час, што е нормално. Поголем метеж има во петок, сабота, недела во раните утрински часови и во вечерните часови кога туристите се враќаат назад. Оние кои уплатиле ефтини аранжмани од Србија заминуваат за Грција на одмор - изјавија од АМСМ.
Тие очекуваат во шпицот на сезоната од средината на јули до почетокот на август на граничниот премин Табановце да има поголема фреквенција на возила и патници.