Нема турканици на шалтерите за лични документи
Нема метеж на шалтерите во полиција за вадење на лични документи. Од одделението за управни работи објаснуваат дека од 25 декември па до Нова Година било доста раздвижено и граѓаните заменувале лични документи.
Имаше еден бран од 25 декември до празниците. Сега работата се одвива стандардно. Граѓаните претежно менуваа лични карти, возачки дозволи, пасоши. Тоа беа услугите кои граѓаните ги бараа од нас. Младите до 28 години кои меѓу првите земале биометриски лични документи, по истекот на пет години треба да ги заменат. Имаме постојано и млади луѓе кои навршуваат 18 години и вадат документи за идентификација - вели Драган Ангеловиќ, раководител на одделение за управни работи во СВР Куманово.
Тој објаснува дека бројката на граѓани кои не замениле стари документи со нови биометриски е многу мала и незначителна.