Нема застој на граничен премин Табановце
27.08.2013 12:11
| KumanovoNews
Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека последниве неколку денови за влез и излез од државата на Табановце се чека 10 до 15 минути.
Тоа е времето кое е потребно да се обават редовните процедури. Очекуваме уште еден бран и поголема фреквенција на почеток на септември. Претходните години голем број на Турци гастарбајтери практикуваа од Германија преку Македонија да одат во својата родна земја. За почетокот на учебната година се враќаа назад во Германија, но сега повеќето од нив ја сменија маршрутата и патуваат преку Бугарија, Романија и метежот е помал- објаснуваат од АМСМ.
Додаваат дека како што се ближи крајот на летните одмори и фреквенцијата на возила се намалува.