Мени

Непроодни патиштата за Арбанашко и Кокино

12.12.2012 11:23 | KumanovoNews

 Во Општината Старо Нагоричане непроодни се патиштата за селата Арбанашко и Кокино, додека на останатите патни правци сообраќајот се одвива отежнато и во зимски услови.

Непроодни патиштата за Арбанашко и Кокино

До крајот на денот се очекува екипи на Македонија Пат да се вклучат во расчистување на снегот и на овие два патни правци.- велат од Општината Старо Нагоричене.

Од Центарот за управување со кризи немаат регистрирано прекини во снабдувањето со вода и струја. Засега во околината нема завеани села, а снежната покривка е од 10 до 15 сантиметри.