Мени

Несовесни граѓани фрлаат смет во фонтана

05.02.2013 14:39 | KumanovoNews

 Во една од фонтаните на Градскиот плоштад пливаат отпадоци во водата. Граѓаните својата некултура ја демонстрираат насекаде и фрлаат смет каде што ќе стигнат.

Несовесни граѓани фрлаат смет во фонтана

Пред две недели поминав тука и исто беше, вода и кеси фрлени во фонтаната. Немаат култура луѓето и фрлаат кај сакаат. Корпа има ама тие попрво до корпа ќе го фрлат ѓубрето. Ние никогаш нема да се научиме на ред, а ако не казнуваат не можеме да одговориме на висината на казните. Како што дома внимаваме да не валкаме, треба и низ град така да постапуваме - вели Јадранка Стајковска.

Од ЈП „Чистота и зеленило“ велат дека секогаш кога се чисти плоштадот, се чистат и фонтаните, но состојбата е таква заради несовесните граѓани.