Нестабилни мостовите на Крива Река и Живуша
На вчерашната седница на Советот на Општина Куманово се зборуваше и за нарушената статика на мостовите на Крива река и Живуша во атарот на селата Довезенце и Бељаковце.
Драган Петковски, советник од ВМРО - ДПМНЕ потенцираше дека по поплавите во февруари овие мостови се во критична состојба и праша дали локалната власт може некако да интервенира за нивно поправање.
Река Живуша во зима се излева. Таму има дивоградби. На сто метри има 15 викендици и тоа не е урбанизирано, туку е правено по сопствена желба на сопствениците. Мостот на Довезенце е некаква импровизација и е оштетен. Треба да се корегира, но по носивоста ќе треба целосна изградба бидејќи има дегенерација на носечките столбови - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.
Тој спомна дека преку проекти за рурален развој може да се направи нешто, да се добијат пари за развој на овие села и санирање на мостовите.