Мени

Невработените ќе се обучуваат за напредни ИТ вештини

25.08.2014 06:51 | KumanovoNews

 Невработените до 5 септември ќе можат да се пријават во Центарот за вработување за да следат обука за напредни ИТ вештини.

Невработените ќе се обучуваат за напредни ИТ вештини

Право на учество имаат сите невработени без разлика на возраста, а по пријавувањето ќе има и класификационен испит со што ќе бидат избрани најдобрите кандидати. Обуките се за  повеќе програмски пакети  како ЈАВА, обука за веб програмер, ЦИСКО, Мајкрософт, Аутодеск  обука  за 3Д моделирана пост-продукција.

Во рок од три месеци по завршување на обуката, невработените ќе полагаат за добивање на сертификат.

Планирано е да се реализираат 100 обуки за исто толку невработени за што од буџетот ќе се потрошат 8.305.800 денари.