Невработените се пререгистрираат во Фондот за здравство
Во подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување деновиве има гужви од граѓани, поради пререгистрацијата на невработените.
За да користат бесплатно здравствено осигурување од државата, невработените треба најдоцна до 31 март да потпишат изјава за остварени приходи во семејството. Приходот не смее да биде повисок од 96.000 денари. Сите кои ја надминуваат оваа бројка треба половина од осигурувањето сами да го плаќаат или доколку заработуваат повеќе од двојно од дозволеното.
Јас и сопругата сме невработени и осигурувањето ни покрива државата. Сини картони ни стигаа по пошта, немало никаков проблем до сега. Ние сме задоволни. Некои од невработените се пререгистрираат, некои не - вели Амди Ибраимовски, граѓанин.
Од ФЗО објаснуваат дека на државно ниво едвај 6,47 отсто од невработените ја завршиле оваа обврска и апелираат невработените да не ја занемаруваат пререгистрацијата.