Невреме попладне и во наредните денови
05.08.2014 10:37
| KumanovoNews
Попладнево и во наредните денови не очекува невреме и поројни дождови, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
Во вечерните часови ќе врне дожд проследен со грмежи и можна е појава на град.
И во наредните денови ќе се задржи нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветар. Денеска попладне и утре ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд и град, а се очекува да наврнат до 30 литри дожд на метар квадратен - вели Борис Секирарски, дежурен синоптичар во УХМР.
Температурите ќе се движат од 28 до 35 степени.