Никола Вулетиќ се врати дома-потребни уште многу пари за долекување
Никола Вулетиќ вчера заедно со неговите родителите се врати во Куманово, откако еден месец беше на лекување во болница во Истанбул, Турција.
Неговиот татко Горан Вулетиќ објаснува дека во меѓувреме од различни хуманитарни акции и на телефонските линии за донации се собрани околу 15.000 евра, а за целиот третман се потребни 100.000 евра. Лекувањето е скапо и семејството не е во можност само да обезбеди толкава сума на пари.
Болеста на Никола се појави ненадејно и одлучивме дека е најдобро да се оперира во Турција. Радио и хемотерапија за месец дена не чинеше 35.000 евра. Некој помогнал со 1000 евра, некој со 10 денари, јас сум подеднакво благодарен на сите. Без разлика колку пари ќе собереме ние ќе бидеме задоволни и јас како родител ќе направам се за да си го спасам детето - рече Вулетиќ.
Никола во Турција се оперираше од прогресивен тумор на малиот мозок. 14 годишното момче е ученик во основно училиште “Кочо Рацин“ каде наставниците и учениците направија хуманитарен турнир и планираат уште една акција.
На 14 и 15 април на Градски плоштад во соработка со Црвен Крст ќе бидат поставени 7 штанда на кои ќе се продаваат цвеќиња, детски изработки од пластика и други материјали. Собраните средства ќе бидат донирани за нашиот ученик Никола Вулетиќ. Ние организиравме турнир во мал фудбал во петок и децата донираа - вели Драгиша Цветковиќ, директор на “Кочо Рацин“.
Училиштето самостојно собрало 2.000 евра за лекување на Никола Вулетиќ.