Ноќеска наврнаа 16 литри дожд
24.06.2013 10:15
| KumanovoNews
Во последниве 24 часа на територија на општина Куманово, наврнаа 16 литри дожд на метар квадратен, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
За разлика од другите краеви во Македонија, кумановско се спаси од невреме и град, а нема ни покачување на нивото на реките.
Утре ќе очекува сончево време со температури до 34 степени, а задутре се можни врнежи од дожд и дневните температури ќе се движат околу 27 степени.