Ноќната амбуланта се сели во Уред
12.02.2014 15:21
| KumanovoNews
Ноќната амбуланта која сега работи во просториите на Брза помош од петок ќе се пресели во Здравствен дом или т.н. Уред.
Ординацајата ќе работи секој работен ден од 20 часот до полноќ, а за време на викендите и празниците од 8 часот до полноќ. По полноќ прегледите и инекции ќе се вршат во Ургентен центар при Општа болница Куманово.
Дежурната амбуланта ќе се пресели во одделот за вакцинации, во Здравствениот дом.
Преместувањето на амбулантата се врши со цел да се избегна гужвата која се создава во просториите на Брзата помош.
Лекарите од дежурната мабуланта се жалат дека за викендите низ ординацијата им поминуваат над 500 пациенти и побараа од матичните лекари да дежураат барем во саботите. Но повикот не допре до приватните лекари.