„Нокаут“ и Тајзи на Плоштад, кафаните преполни
Групата „Нокаут“ и кумановскиот рапер Тајзи ќе ги забавуваат кумановци за најлудата ноќ на Градскиот плоштад во Куманово. Концетот ќе трае 3 часа, а на полноќ ќе настапат дувачки оркестри, за да ја загреат атмосферата.
За разлика од предходните години кога новогодишното расположение го креваа балканските ѕвезди, годинава, поради блокираната сметка на Општината Куманово, прославата ќе биде поскромна и со македонски пејачи.
Но затоа во градот не недостасуваат традиционалните пред новогоришни и новогодишни забави, кои се организираат во сите кафеани, кафулиња, ноќните клубови и дискотеки. Во угостителските објекти започна новогодишното лудило и речиси секој ден и секоја вечер се организираат предновогодишни прослави. Цените се движат од 1300 до 2300 денари по лице за пречек на Нова година, и околу 600 денари со неограничено пиење за предновогодишните дружења.
Во етно ресторанот Аџи Трајко се организираат новогодишни и пред новогодишни забави со жива музика.
Во рестораните Бастион и Ексклузив се организираат и предновогодишни забави кои ќе започнат од 20 декември, а ќе пее групата Хабаниера.
Имаме интерес и за предновогодишните и за новогодишната забава. Веќе се чувствува новогодишната еуфори, се резервираат места - велат од рестораните.
Во ресторан Прадо секоја вечер се одржуваат празнични журки со групата Ѓезме, кои ќе ги забавуваат гостите и за пречек на Новата година.
Во гостилницата „Златно пиле„ и Џемово меанче, исто така има предновогодишни прослави.
Единствената дискотека во Куманово Лолипоп од 25 декември до 8 јануари нуди богата програма со познати пејачи и бендови. За дочек на Нова година музика ќе пуштаат диџеите Боби од Сити радио, Бабура, Бранчез и Цобе.