Нова програма за вработување на социјалци
Заинтересираните граѓани и фирми на оглас ќе аплицираат доколку се заинтересирани да учествуваат во проектот.
Следниот месец ќе стартува нова мерка со која преку Агенцијата за вработување ќе бидат ангажирани граѓани кои примаат социјална помош. Заинтересираните граѓани и фирми на оглас ќе аплицираат доколку се заинтересирани да учествуваат во проектот.
Предвидено е работникот да добива 14.000 денари за плата и придонеси во период од 6 месеци, а работодавачот ќе добива по 3.000 денари надомест. По истекот на тие 6 месеци, фирмата ќе треба работникот од социјално загрозено семејство да го задржи на работа уште 6 месеци. Ќе има оглас на кој ќе аплицираат - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
Оваа програма Центарот за вработување ќе ја реализира во соработка со Центарот за социјални работи.