Мени

Нова здравствена установа "Д­р Драган Тодоровски"

18.07.2014 11:44 | KumanovoNews

Неодамна започна со работа нова приватна здравствена установа, „Д­р Драган Тодоровски„, која нуди врвна здравствена заштита по општа медицина. Ординацијата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување и функционира како матична ординација со избран лекар во мрежата на здравствени установи во Република Македонија.

Нова здравствена установа "Д­р Драган Тодоровски"

Ординацијата го започна своето работење, за да ги потвди основните медицински постулати за лично и семејно лекување и квалитетна и одговорна здравствена заштита на поединци и групи на граѓани организирани по разни основи без дискриминаторски елементи. Како врвна здравствена установа, „Д­р Драган Тодоровски„, со својата медицинска и деловна политика негува низа приоритети. Првенствено е фокусирана кон здравјето на пациентите - велат од ординацијата.

За здравјето на пациентите ќе се грижат Гордана Кимевска,­ доктор по општа медицина и медицинска сестра Драгана Арсовска. Матичната амбуланта ќе ги обезбедува сите амбулантски услуги во доменот на општата медицина и семејното лекување.

Во истиот објект функционира специјалистичка одринација по интерна медицина "Интермедика Тодоровски".

Во ординацијата се извршуваат прегледи од областа на интерната медицина, дијагностички процедури, како што се ЕКГ, ЕХО на срце (со колор доплер), ЕХО на тироидна жлезда, ЕХО на стомачни органи, Холтер на крвен притисок, Холтер ЕКГ, спирометрија, доплер на крвни садови, лабораторија (земање на примероци на крв и урина во амбуланта), оксигенска терапија кај хронични белодробни заболувања, домашна посета од доктор специјалист, апликација на ампуларна терапија и инфузиона терапија во дневна болница со мониторинг како и специјалистичко консултативни дејности.

„Интермедика Тодоровски„ обезбедува високо професионални услуги на здравствена заштита и нега за зачувување и унапредување на здравјето на нашите пациенти, спречување, рано откривање и сузбивање на болести. Во неа работи доктор специјалист од доменот на интерната медицина, др. Драган Тодоровски и медицинска сестра Билјана Мицевска,- додаваат од амбулантата.

Специјалистичката ординација „Интермедика Тодоровски„ со својата кадровска и дијагностичка опременост е ставена во функција на матичната општа ординација „Д­р Драган Тодоровски„. Специјалистичките услуги за матичните пациенти се под исклучително поволни услови.

Работно време на ординациите се од понеделник – петок од 08:00 до 13:00 часот и од 17:00 до 20:00 часот. Ординацијата е лоцирана на улица „Лесковачка„ бр. 22 во населба Гоце Делчев, Куманово, со одлична локација и добра пристапност преку главните сообраќајници.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат навремена и превентивна помош со комплетна и соодветна услуга можат да се обратат до Ординациите „Д­р Драган Тодоровски„ и „Интермедика Тодоровски„, или на телефоните:

++ 389 (0)75 520 055

++ 389 (0)31 433 141