Новата пруга ќе ја исчисти депонијата „Перо Чичо„
Екипи од јавното претпријатие Македонски железници деновиве ќе ја расчистат депонијата во населбата „Перо Чичо„ за да можат да отпочнат со работа на пругата Куманово-Бељаковце.
МЖ Инфраструктура ја информира јавноста дека, заради непречено извршување на градбените активности во областа „Перо Чичо„, ќе се пристапи кон расчистување на дивата депонија и местото ќе се обезбеди со информативни табли и видео надзор. Апелираме до граѓаните да не оставаат отпад на железничката пруга и во железничкиот појас, и да не ја загрозуваат својата и безбедноста на другите, -се вели во соопштението од Македонско железници..
По отпочннување на изградбата на железничкиот коридор исток – запад, кој ги поврзува Албанија, Македонија и Бугарија, моментално се изведуваат градежните активности на делницата Куманово – Бељаковце.
Во тек се и јавни информативни средби со мештаните од сите месни заедници долж железничката пруга Куманово – Бељаковце, за да се информираат за техничките карактеристики на железничката пруга во нивната област.
За времето и местото на овие средби мештаните ќе бидат информирани преку претседателите на месните заедници, додаваат од МЖ.