Нови ограноци на армиските и полициски ветерани
08.01.2014 10:17
| KumanovoNews
Здружението на армиски и полициски ветерани годинава ќе отвори нови ограноци во Крива Паланка, Ранковце и Свети Николе.
Досега ограноци здружението има во Старо Нагоричане и Скопје, а целта им е да имаат што повеќе членови.
Во сите градови има офицери, полицајци, ветерани и сакаме да ја интензивираме соработката. Во Куманово имаме над 200 члена и очекуваме во државата да имаме околу 500 члена. Ќе ја прошириме мрежата на ниво на североисточен регион - вели Киро Соларски, организационен секретар на здружението.
Тој објаснува дека во 2014 година ќе продолжи соработката со колегите од Србија и Бугарија.