Новинарите денеска на протести
Синдикатот на медиумските работници и Здружението на новинари на Македонија, денеска организираат протестен собир по серијата отпуштања и најавата за затворање на повеќе медиуми.
На протестот ќе се приклучат и новинарите од регионалниот центар на ЗНМ Куманово, кои организирано ќе заминат да дадат подршка на своите колеги, и ќе го изразат своето незадоволство од актуелните состојби во македонскиот медиумски простор и односот на редакциите кон дописниците.
Повод за протестот е отпуштањето на двете новинарки на „Утрински Весник“, поради учество во штрајк, како и згаснувањето на весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е Ре“. Кризата во новинарството во Македонија ја продлабочи и колективната оставка на Советот на честа на ЗНМ, поради актуелните состојби и немањето инструменти за ефикасно делување.