Новинарска дебата за изборниот процес
25.05.2011 14:24
| KumanovoNews
Здружението на новинари на Македонија и Центарот за развој на медиуми, во соработка со Регионалниот центар на ЗНМ организира работилница за своите членови во Куманово.
Работилницате е наменета за подобро информирање на новинарите со изборниот процес, практични информации и водство за нивните права и обврски во изборниот период, како и достапност на стручна помош во текот на целиот изборен период.
Изготвен е и печатен материјал, Прирачник за покривање избори и Изборен информатор, на македонски и албански јазик, со цел за подобра подготвеност на новинарите во следење на изборите.
Работилница ќе се одржи утре во 13.30 часот во кружната сала на зградата на „Комитет„