Мени

Новогодишен еко саем во “Браќа Рибар“

30.12.2013 09:32 | KumanovoNews

Во основното училиште “Браќа Рибар“ во селото Табановце, се оддржа новогодишен еко саем на кој учениците продаваа новогодишни украси што ги изработиле со нивните родители во училиштето.

Новогодишен еко саем во “Браќа Рибар“

 Учениците и наставниците изработија прекрасни новодишни предмети од природни материјали и материјали за рециклирање: снешковци од пластични чашки, новогодишни честитки, лампиони, новогодишни венчиња, икебани. Сите предмети беа изработени на работилници во кои свое учество зедоа и родителите - вели в.д директорот Розита Благојевиќ.

Собраните средства ќе бидат искористени за потребите на учениците. За првпат училиштето организира ваков саем со цел одбележувањето на Нова година да биде поразлично и покреативно од претходните години.