Мени

Новогодишна елка на Градскиот плоштад

12.12.2013 08:38 | KumanovoNews

  Започна новогодишното украсување на градот.

Новогодишна елка на Градскиот плоштад

Новогодишна елка висока десет метри вчера беше поставена на Градскиот плоштад, а во наредните денови ќе биде украсено централното граско подрачје.

Се работи за ланската елка која е добро сочувана. Имаме набавено нови украси и ќе комбинираме со старите. Од денеска ќе се украсува во централното градско подрачје слично како и претходните години. Ние сме малку финансиски во незавидна положба меѓутоа ќе направиме се градот да биде накитен како што заслужува - вели Фадиљ Шабани, директор на ЈП “Куманово - паркинг“.

За новогодишното украсување ќе бидат потрошени 600.000 денари.