Мени

Новогодишните тезги бесплатни

19.12.2013 09:47 | KumanovoNews

Општина Куманово оваа година нема да наплаќа комунална такса на продавачите, кои поставија тезги на плоштадот пред Центарот за култура.

Новогодишните тезги бесплатни

Ваквата одлука е донесена поради слабата економска и куповна моќ на граѓаните.

Пред Центарот за култура веќе една седмица се поставени тезги со новогодишни украси, елки, честитки и облека, но продавачите велат дека работата оди слабо.

Неколку дена сум тука но работата оди многу слабо, не е како порано. Продавам балони, музички и обични честитки. Децата купуваат честитки за да поделат на другарчиња во училиште. Останувам до 31 декември, ова ми е 10 - та година по ред како продавам овдека - изјави Џемиле Амедовска, трговец.

 Тезгаџиите се задоволни од додлуката на локалната самоуправа да не плаќаат надомест за тезгите и просторот.