Мени

Новороденчето заразено со листерија од Куманово

24.07.2014 13:32 | KumanovoNews

Новороденчето кое се лекува на Клиниката за детски болести во Скопје, заразено од бактеријата листерија е од Куманово, пренесува Вест.

Новороденчето заразено со листерија од Куманово

Неговата здравствена состојба се подобрува и тоа заздравува, информираат од клиниката.

 Од Куманово ни беше препратено дете старо два дена, кое имаше отежнато дишење и видливи знаци на инфекција, односно дошло до помодрување. Бебето добро реагираше на терапијата, а потоа добивме и лабараториска потврда дека има листерија. Беше заразена само крвта, односно немаше засегање на мозочето. Контролното испитување покажа дека бактеријата е веќе отстранета - изјави проф. д-р. Аспазија Софијанова, директор на клиниката.

Оваа бактерија однесе три жртви, а сеуште се трага по изворот на зараза.