Мени

Објавен конкурсот за Ноемвриска награда

04.10.2013 08:43 | KumanovoNews

  Општината Куманово го одбјави конкурот за доделување на највисокото општинско признание Ноемвриска награда.

Објавен конкурсот за Ноемвриска награда

Предлозите за доделување на Ноемвриска награда треба да се достават најдоцна до 31 октомври до Комсијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија.

Право на предлагање на кандидати за Ноемвриска награда на Општината Куманово имаат претпријатијата, установите, здруженијата, месните заедници, група граѓани и поединци.

Делото, односно постигнувањата да бидат достапни на јавноста до 11 – ти Октомври годинава, а авторот на делото да е жител на Општината Куманово, организацијата или заедницата да е од Општината Куманово, односно делото и постигнувањата да се тематски врзани за Општината Куманово.

Според Одлуката, Ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период.

По повод 11 – ти Ноември – Денот на ослободување на Куманово, Општина Куманово и оваа година ќе ја додели традиционалната Ноемвриска награда, како највисоко општествено признание кое се доделува за посебни постигнувања во одделни области.